против акни и црвенило

Хидратантен серум
на база на ниацинамид

ZOYA The Repair серумот за лице 30 ml е наменет пред сè за мрсна и проблематична кожа. Поради неговите силни хидратантни својства, може да се користи и за нега на здрава кожа. Овој серум го регулира лачењето себум, ја регенерира кожата и ја штити од неповолни надворешни влијанија. Содржи дури 5% ниацинамид (витамин B3) и хијалуронска киселина. Високиот процент на ниацинамид делува како специфичен третман за подобрување на состојбата на кожа со акни и неправилности. The Repair серумот ги отстранува мртвите клетки и го намалува вишокот маснотија.
Zoya серумот The Repair може да се користи и за нега на здрава и нормална кожа. Има силно хидратантно дејство. Создаден е од голем молекул на хијалуронска киселина и витамин B3, па има широк спектар на придобивки. Посебно е погоден за хидратација на зрела и поцврста кожа, при што кожата омекнува, а брчките стануваат помалку изразени.
Ексклузивно во Ekskluzivno u DM-u

Регенерира, хидрира и
ја подобрува текстурата на кожата


  1. Силни хидратантни својства и анти-ејџ ефект
    Висок процент на ниацинамид за хидратација и ублажување на темни дамки на кожата. Ја омекнува кожата и ја намалува видливоста на брчките.
  2. Го регулира лачењето себум
    Ја регенерира кожата, ја прави помазна и поздрава. Го балансира лачењето себум и ја уредува маснотијата во критичната Т-зона.
  3. Помага во намалување на акни и неправилности
    Спречува воспалителни процеси и појава на акни и други промени на кожата. Ја намалува видливоста на порите.

Тип на кожа
Активни состојки


Тип на кожа: сите типови.
Пакување: 30 ml.

Активни состојки:

  • Ниацинамид (витамин B3) – Широкоспектрален витамин. Делува против проширени пори. Ја подобрува текстурата на кожата и делува против појава на акни и неправилности. Многу е ефикасен во превенција на брчки и спречување на хиперпигментација.
  • Хијалуронска киселина – Ја затегнува кожата, длабински ја хидрира и ја прави еластична, мазна и затегната. Делува против настанување нови брчки и ги намалува постоечките. Обезбедува влага на кожата.

Начин на употреба

Нанесете неколку капки серум на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето, наутро и навечер. Кога кожата ќе го впие серумот, нанесете тенок слој соодветна крема кај сува и зрела кожа. Кај помлада, нормална или мрсна кожа, не е неопходно да се нанесува крема по серумот.

СИТЕ СОСТОЈКИ (INCI)


 
Aqua
Rosa Damascena Distillate
Alcohol
Niacinamide
Pentylene Glycol
Benzyl Alcohol
Dehydroacetic Acid
Sodium Hyaluronate

Природната козметика ZOYA ги слуша потребите на кожата и подготвено одговара на нив!